Денот кога Меси и Модриќ се сретнаа за прв пат (ВИДЕО)

Аргентина или Хрватска? Лео Меси или Лука Модриќ? Кој ќе биде патникот во финалето на Светското првенство во Катар ќе дознаеме утре со почеток од 20 часот во натпревар кој најверојатно ќе биде и последен „судир“ повеќе двата фудбалски виртуози во националиот дрес.

Меси и Модриќ бранејќи ги боите на Барселона и Реал Мадрид меѓусебе имаат одиграно голем број на натпревари, но кој беше првиот? Станува збор за пријателски натпревар од 1. март 2006 година кој ќе биде запомнет во историјата како меч на кој за сениорскиот дрес на Хрватска дебитираше русокоскиот 21-годишник, а неговиот 19-годишен противник го постигна првиот гол во дресот на Аргентина.

Се вчитува...