ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.
Последен пат кога Македонија гостуваше на Апенините, целата нација заврши во солзи, откако во баражот за пласман на СП 2022 во Катар, Александар Трајковски го постигна еден од најважните голови во историјата на мак-фудбалот.
„Најмногу сум среќен што стигнавме до таа победа со која се израдува цела Македонија, а потоа за фактот дека јас го постигнав тој победнички гол, на стадионот на кој минав четири прекрасни години. Сега можам да уживам во овој момент, немаме многу време бидејќи пред нас е нов натпревар. Искрено, имав тројца играчи пред мене, во прв момент мислев дека топката нема да оди кон голот, бев пресреќен кога видов дека завршува во мрежата. Потоа и судијата нешто гледаше на ВАР, но јас знаев дека тој гол е регуларен. Сега имаме неколку дена да се подготвиме за Португалија, тоа е сериозен ривал и ние ќе сториме се за добро да се претставиме. Пред мечот со Италија реков дека сакам да не потценат, искрено посакувам истото да се случи и со Португалците, иако не верувам во тоа бидејќи сите сега видоа колку квалитетна репрезентација е Македонија“, изјави во март 2022 година Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА