Повторно е актуелно големото македонско дерби меѓу Вардар и Пелистер на прволгашката сцена. Двата вечни ривали во меѓусебна пресметка вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Вардарци“ на победа против Пелистер чекаат дури седум години, по онаа победа од 1-0 во 2017 година. Сега избраниците на Горазд Михајлов се мотивирани да дојдат до трите бода.
„Не останува за нас ништо друго освен атак на трите бода против Пелистер. Треба мудро, тактички издржано, да се одигра натпреварот и да се дојде до целта“ – вели шефот на стручниот штаб на Вардар, Горазд Михајлов.
Се најавуват и вистинска атмосфера и на трибините како начин за поддршка од двете навивачки групи на своите миленици. Се очекува и присуствува и на навивачката група „Чкембари“, кои заедно со „Комитите“ треба да го заокружат дерби-шмекот на натпреварот.
ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
Штип: ГОСТИВАР – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕСА
ДЕНЕСКА, 20 Ч.
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА