Златан Ибрахимовиќ стави крај на професионалната кариера на 41-годишна возраст. Легендарниот Швеѓанец по вчерашниот натпревар против Монца на опростувањето со навивачите на Милан, изненадно објави крај на една ера.
По емотивниот говор на стадионот тој во свој стил говореше и на преконференцијата за медиуми.
„Да, повеќе не сум фудбалер. И тоа не му го кажав никому до објавата вечерва на стадионот. Ниту на семејството, ниту на најблиските пријатели. Ви благодарам на трпението во текот на целата моја кариера, а сега ќе имате помалку работа. Можеби. Од утре сум слободен човек и отварам ново поглавие во мојот живот. Да, имав доста понуди, но се одлучив дека е доста.
Денот започна со дожд и помислив дека и Бог е тажен бидејќи Ибра заминува. И тогаш на теренот и на трибините поради мене плачеа сите. Покажав дека сум Супермен со големо срце.
Да беше Раиола жив ќе морав да играм и понатаму бидејќи ќе ми бараше да продолжам да плаќам провизија. Извини Мино, но тоа е вистината.
Паничам кога ќе се разбудам и нема да знам што со себе. Сега адреналинот ќе биде друг. Ќе ни недостасуваат соблекувалната и Миланело и тоа ќе биде нов свет. Но, јас сум подготвен“, вели Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА