Денвер Нагетс се блиску до постигнување на нов договор со Кристијан Барун, еден од најважните кошаркари во составот од Колорадо.
Како што се ближи крајот на рокот за продолжување на соработка, постои оптимизам од двете страни за нов договор со кој младиот кошаркар би заработил 115 до 125 милиони долари за следните пет години.
Дваесетичетиригодишникот кој имаше важна улога во шампионската сезона 2022/23, минатата сезона бележеше просек од 15.4 поени со 58 отстотна реализација од поле и 39.4 отсто зад линијата за три поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

