Денвер Нагетс на домашен терен го победија Лос Анџелес Клиперс со 120:98 благодарение на одличната игра на Џамал Мареј кој постигна 20 поени и Мајкл Портер кој имаше клучна улога во третата четвртина.
Најдобриот кошаркар на Денчер, Никола Јокиќ постигна 16 поени, од кои седум скока и две асистенции, што статистички е најслаб негов учинок сезонава, но треба да се земе предвид дека не играше во четвртата четвртина.
Клиперси водеа со 58-55 на почетокот на вториот дел, но Мареј направи две украдени топки што ја поттикнаа големата серија на Денвер. Од средината на третата четвртина до крајот на натпреварот Нагетс ја зголемуваа предноста која во еден момент изнесуваше 25 поени.
Џејмс Харден постигна 15 поени за Клиперс, но имаше девет загубени топки, што значително се одрази на нивниот учинок. Денвер имаше противник под 100 поени за прв пат од април.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс минатиот меч ја прекинаа серијата на порази, меѓутоа повторно играат по старот, и вчера загубија од Минесота со 97-87. Едвардс со 23 поени беше клучен за победата на домашниот тим. Кај Лејкерси Дејвис постигна исто толку, но без поддршката од своите соиграчи. Лејкерси лошо го отворија мечот (по првата четвртина губеа 32-23), а потоа потфрлија и во третиот период, лоша игра која Минесота ја искористи на крај да дојде до победа.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Вашингтон 115:105
Филаделфија – Индијана 107: 121
Чикаго – Шарлот 109:95
Мемфис – Бруклин 135:119
Минесота – ЛА Лејкерс 97:87
Денвер – ЛА Клиперс 120:98
Јута – Финикс 126:134
Портланд – Сан Антонио 116:118
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА