Управата на Денвер нагетс заврши голема работа откако го договори останувањето во клубот на Џамал Мареј, големиот ас кој важи за „десна рака“ на Никола Јокиќ во шампионскиот состав на нагетси.
Актуелниот договор на канадскиот репрезентативец истекуваше на крајот од новата сезона (лето 2025), но управата на Денвер и Мареј се договорија за нова четиригодишна соработка. Со овој договор, Мареј за четири години ќе заработи вкупно 208 милиони долари, големо покачување ако се знае дека со стариот договор за наредната сезона требаше да добие 36 милиони долари.
Мареј минатата сезона имаше проблеми со повреда и настапи на 59 средби за Денвер, при што имаше просек од 21, 2 поени и 6,5 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА