Денвер доминатно и рутински ја победи екипата на Јута, и го запиша осмиот триумг во последните девет кола во НБА лигата, после кој на табелата во Западната конференција се израмни со бројот на победи (44) со Минесота и со Оклахома.
Од почетокот до крајот Нагетс ги контролираа работите на теренот, водеа во сите 48 минути, а после првиот период дојдоа до предност од 19 поени, а некаде пред полувремето ги имаа и највисоките 39 плус.
Јокиќ го заврши мечот со 26 оени, осум асистенции и шест скокои, и беше засенет од плејмејкерот Џамал Мари кој уфрли 37 поени, што е неговиот најефикасен меч од почетокот на годината.
Кошаркарите на Шарлот со победата над Бруклин, ја прекинаа серијата од шест по рзи по ред, но и оваа победа нема многу да ги доближи до плеј-офот.
НБА лига, резултати:
Шарлот – Бруклин 110:99
Детроит – Далас 124:142
Голден Стејт – Сан Антонио 113:126
Феникс – Бостон 107:117
Денвер – Јута 142:121
Портланд – Торонто 128:118 (113:113)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

