Денвер нагетс во извонредна игра му одржа лекција по кошарка на тимот на ЛА лејкерс, декласирајќи го составот предводен од Леброн Џејмс со огромни 32 поени разлика (117-85). Клучната разлика беше создадена во третата четвртина по која Денвер поведе со 89-71, за во преостанатите 12 минути домаќините да продолжат да доминираат и на крајот да слават преубедлива победа.
Мареј, Милсап и Бисли постигнаа по 20 поени за победничкиот тим, кај лејкерси на висина на задачата беше единствено Кузма со 21 поен, а меѓу оние кои потфрлија беше и Леброн Џејмс, со 14 поени и шут од поле 5/15.
Индијана како гостин го совлада тимот на Феникс со 104-109, меч што мина во знакот на Литванецот Домантаас Сабонис и неговиот дабл-дабл од 21 поен и 16 скокови за 22 минути игра.
Најнеизвесно беше во Мајами, каде домашниот тим по голема битка загуби од Атланта со 113-115. Ова беше шести домашен пораз во низа за Мајами, додека „јастребите“ ја прекинаа црната серија од седум порази на гостувањата со вечерашниот триумф против „жешките“.
Резултати НБА:
Детроит – Њујорк 115-108, Мајами – Атланта 113-115, Мемфис – Торонто 114-122, Денвер – ЛА лејкерс 117-85, Феникс – Индијана 104-109.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА