Денвер може и без Јокиќ кога го има фантастичниот Џамал Мареј

Денвер и без својот најдобар кошаркар, Никола Јокиќ славеше на гостувањето кај Хјустон со 111-116. Лидерската улога ја прифати Џамал Мареј кој со 39 поени и седум асистенции беше прво име на средбата. Грин со 30 поени и пет асистенции ги предводеше Рокетс.

Мајами стигна до нов триумф во НБА лигата убедливо совладувајќи го Шарлот со 122-105 во натпревар во кој лидер на составот од Флорида беше Ендру Вигинс со 42 постигнати поени на кои додаде и пет асистенции. Во противничкиот табор се истакна Смит со 19 поени.

Гостински триумф забележа Бостон кој славеше со 116-129 против Портланд. Тејтум беше на прагот на трипл-дабл учинок завршувајќи ја средбата со 30 поени, девет скокови и девет асистенции. 23 поени и шест скокови за Порталнд постигна Шарп.

Во останатите натпревари:

Детроит – Њу Орлеанс 136-130
Јута – Кливленд 91-120
Атланта – Филаделфија 132-119
Торонто – Сан Антонио 89-123
ЛА Клиперс – Оклахома 101-103

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...