Кошаркарите на Денвер вeчерва од 21.30 часот ќе го започнат плеј-офот од НБА лигата, а ривал ќе им биде Лос Анџелес Клиперс.
За франшизата од Колорадо ова ќе биде прв меч од плејофот по 10 години, каде Мајкл Мелоун нема да го води од клупата.
Дејвид Аделман неодамна ненадејно застана на чело на стручниот штаб, откако Мелоун доби отказ неколку рунди пред плеј-офот.
Дека Мелоун е официјално заборавен и избришан покажува и најновата тимска фотографија, која кошаркарите и стручниот штаб на Денвер ја направија пред почетокот на првото коло од плеј-офот во Западната конференција.
Аделман и новиот стручен штаб го заземаат централното место во него.
Your 2024-25 Denver Nuggets pic.twitter.com/WCjarIUMaf
— Denver Nuggets (@nuggets) April 18, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА