Денвер Нагетс беа поразени од првопласираниот тим во Источната конференција, Детроит Пистонс, со 109:107. Денвер се обиде да направи голем „скалп“, но сепак се чувствуваше отсуството на стартерите Никола Јокиќ, Арон Гордон, Камерон Џонсон и Кристијан Браун.
Денвер се обиде да направи голем „скалп“, но сепак се чувствуваше отсуството на стартерите Никола Јокиќ, Арон Гордон, Камерон Џонсон и Кристијан Браун.
Пистонс им покажаа на навивачите на Колорадо дека со право се на врвот во Источната конференција. Тие постојано го држеа водството против ослабените домаќини од почетокот до крајот, иако на крајот имаше драма.
Нагетси губеа со 105-104 на 41 секунда до крајот, пред Тобијас Харис да го доведе Детроит во водство од 107-104. Следеше изведување на слободни фрлања во кои Џамал Мареј не се покажа најдобро што можеше. Канаѓанецот беше фаулиран за тројка на четири секунди до крајот, промашувајќи еден обид. Потоа, на 109-106, беше повторно на линијата за слободни, но веќе немаше враќање.
Кејд Канингем и Тобијас Харис го предводеа Детроит со по 22 поени. Мареј го предводеше Денвер со 24 поени и 10 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА