Денвер победува и без Јокиќ

Денвер успеа да се опорави од шокот по повредата на Никола Јокиќ, триумфирајќи на првиот меч без српскиот центар, на незгодното гостување во Торонто со резултат 103-106. Проблемите на Денвер уште повеќе се зголемија откако во третата четвртина се повреди и Валанчиунас, кој беше одличен до тој момент со 17 поени, но нагетси сепак најдоа начин да го задржат водството. Торонто успеа да постигне тројка за израмнување, но по прегледувањето на снимката беше утврдено дека Инграм задоцнил неколку стотинки со шутот, поените беа поништени, а Денвер се радуваше на победата.

Инграм со 30 поени беше прв стрелец на Торонто, но и тоа беше недоволно за триумф, кај Денвер најефикасни беа Вотсон со 24 и Мареј со 21 поен.

Оклахома Сити одигра уште еден шампионски меч, рутински славејќи на домашен терен против Портланд со убедливи 124-95. Гилџус Александер беше прв стрелец и на овој дуел со 30 поени, Мичел додека 17, додека Сисоко ги предводеше стрелците на Портланд со 19 поени зад своето име.

 

Резултати НБА:

Чикаго -Њу Орлеанс 134-118, Сан Антонио – Њујорк 134-132, Торонто – Денвер 103-106, Милвоки – Вашингтон 113-114, Оклахома Сити – Портланд 124-95.

Се вчитува...