Денвер победува и без Јокиќ, Оклахома пресилна за Мајами

Денвер им се врати на победите во НБА лигата славејќи над Милвоки со 108-104 без помошта на повредениот Никола Јокиќ.

До триумф Нагетс ги водеше Хардавеј со 25 поени, додека најефикасен на средбата беше Адетокумпо со 31 поен, 11 асистенции и осум скокови.

Оклахома ја забележа 33. победа во сезоната со триумф на домашен терен над Мајами од 124-112 благодарение на фантастичната трета четвртина во која кошаркарите на Тандер постигнаа 39 поени, наспорти 26-те на противникот.

Гилџус-Александер со 29 поени, осум асистенции и пет скокови повторно беше лидер на својот тим, додека Вигинс постигна 23 поени и пет скокови за Мајами.

Се вчитува...