Денвер победува и без пола тим, Вемби ја доби битката со Дончиќ

Делува неверојатно, но Денвер нагетс покажува неверојатен карактер, славејќи на тешки гостувања во ситуација кога во тимот го нема Никола Јокиќ и уште неколку стандардни првотимци. Така, по триумфот во Филаделфија пред неколку дена, рано утрово нагетси беа триумфални и во Бостон, славејќи над екс-шампионот со 110-114. Џамал Мареј  се врати во тимот и одигра импресивен меч со 22 поени и 17 асистенции, а прв стрелец беше Вотсон со 30 поени за Денвер.

Драматично беше во Оклахома Сити, каде домашниот тим дури по продолжение успеа да слави над Јута со резултат 129-125. Гилџус Александер беше херојот, постигнувајќи ги поените за израмнување со звукот на сирената на крајот од регуларниот тек од мечот, по што тандер во дополнителните пет минути го скрши отпорот на гостите. Гилџус беше прва фигура со 46 поени, додека на гостите не им помогна ниту импресивниот дабл-дабл на Марканен, кој го заврши натпреварот со 29 поени и 13 скокови.

Сан Антонио го одбрани домашниот терен против Ла Лејкерс, славејќи со 107-91 над гостите во чии редови се почувствува неиграњето на Леброн Џејмс. Лука Дончиќ стигна до нов трипл-дабл од 38 поени, 10 скокови и 10 асистенции, но и тоа беше недоволно за позитивен резултат. Кај Сан Антонио прв стрелец беше Џонсон со 27 поени, додека Вембињама оствари дабл-дабл од 16 поени и 14 скокови.

Резултати НБА:

Бостон – Денвер 110-114, Шарлот – Торонто 96-97, Детроит – Чикаго 108-93, Филаделфија – Вашингтон 131-110, Филаделфија – Вашингтон 131-110, Атланта – Њу Орлеанс 117-100, Бруклин – Орландо 103-104 (по прод.), Њујорк – ЛА Клиперс 123-111, Мемфис – Феникс 98-117, Оклахома Сити – Јута 129-125 (по прод.), Сан Антонио – ЛА Лејкерс 107-91, Голден Стејт – Милвоки 120-113, Портланд – Хјустон 103-102.

Се вчитува...