Кошаркарите на шампионот Денвер, беа подобри од Бруклин Нетс совладувајќи го во Њујорк со 122-117. Српскиот центар Никоја Јокиќ влезе во историјата на оваа средба со тоа што стана најдобар скокач во историјата на клубот.
Нагетс ја запишаа и третаа последователна победа, додека домашната екипа го запиша петтиот пораз во низа. Екипите влегоа во мечот во различен ритам, но потоа на површина исплива квалитетот на Денвер и дојде до победа. Мари и Јокиќ беа најефикасни со 32, односно 31 поен.
Јокиќ после оваа средба стигна до 6.631 скок, и стана најдобр на сите времиња во оваа категорија за Денвер. Инаку Србинот мечот го заврши со крвави раце по дуелите со противничките играчи.
Nikola Jokić with a deep gash, blood all over his jersey, and only shot 4 FREE THROWS ALL GAME‼️ pic.twitter.com/gZ4HQ92tPn
— ⚒️🏆Championship Otto 🃏🏹 (@ChiefOttoSosa) December 23, 2023
Воедно, Денвер ја одбрани честа на гостите на синоќешните НБА мечеви, со оглед дека беше единствениот гостински тим со триумф, додека на останатите домаќините беа немилосрдни.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Торонто 121:111
Бруклин – Денвер 117:122
Хјустон – Далас 122:96
Мајами – Атланта 122:113
Голден Стејт – Вашингтон 129:118
Сакраменто – Феникс 120:105
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

