Американските медиуми објавија дека челниците на Денвер започнале преговори со Клеј Томпсон. Еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката имаше многу лоша сезона и не е задоволен од понудата што ја доби од својот Голден Стејт.
На големо се шпекулира дека Клеј ги напушта „Вориорс“, а американски „Атлетик“ пренесува дека е заинтересиран Денвер, а како кандидат се споменува и Филаделфија. Денвер со Томпсон сака да го направи тимот уште посилен, во битка за нова НБА титула.
Томпсон е четирикратен НБА шампион со Голден Стејт, а овој тим го драфтуваше како 11 пик во 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА