Кошаркарите на Денвер Нагетс останаа во игра за полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата откако се изборија за седми натпревар во пресметката со Оклахома по победата од 119-107.
Натпреварот на сезоната за Денвер Нагетс значеше победа или елиминација, а бидејќи не сакаа да испаднат, ја победија Оклахома и се изборија за мајсторка.
Никола Јокиќ уште еднаш беше маестрален. Натпревар достоен за почит, речиси „трипл-дабл“ за српскиот центар и натпревар во кој запиша 29 поени, 14 скока и 8 асистенции. Атмосферата во Денвер ја „проголта“ Оклахома и ги однесе Нагетси до победа.
Џамал Мареј, исто така беше еден од хероите на Нагетси, го започна натпреварот со 11 поени во првата четвртина, а заврши со вкупно 25 поени, 8 скока и 7 асистенции.
Херој од сенка беше Џулијан Стротер, кој постигна осум поени на крајот од третата четвртина (вкупно 15) и им помогна на домашните да се извлечат, а Оклахома не можеше да се опорави од тоа. Треба да се спомене и Кристијан Браун кој имаше 23 поени, 11 скока и 5 асистенции, Мајкл Портер Џуниор додаде 10, а Расел Вестбрук заврши со 8 поени.
Од друга страна, кандидатот за МВП, Шеј Гилџес-Александар одигра одличен натпревар, уште еднаш, постигнувајќи 32 поени со 3 скока и 6 асистенции, додека Чет Холмгрен имаше 19 и 11 скока, а Карузо и Волас постигнаа по 10, како и Лу Дорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

