Денвер се мачи без Јокиќ, Кливленд влезе во криза (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс доживеаја уште еден пораз во периодот во кој се без својот најдобар кошаркар, Никола Јокиќ откако синоќа загубија на гостувањето кај Портланд трејлблејзерс со 128-109.

Дени Авдија со 36 поени беше убедлио најдобриот поединец во таборот на победничкиот тим, додека кај поразените Арон Гордон постигна 23 поени.

Лидерот во Источната конференција, Кливленд го забележа и четвртиот пораз во низа откако загуби на гостувањето кај Феникс санс со 123-112.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Орландо 105-120, Сан Антонио – Филаделфија 128-120, Оклахома – Шарлот 141-106, Минесота – Њу Орлеанс 134-93, Мајами – Хјустон 98-102, Далас – Детроит 123-117, Јута – Бостон 99-121 и ЛА Клиперс – Мемфис 128-108.

Се вчитува...