Денвер Нагетс се наоѓа во серија од четири порази едно по друго и покрај фантастичните партии на Никола Јокиќ. Евидентен е недостатокот на Џамал Мареј на паркетот без кој Србинот не успева да му донесе триумф на својот тим.
Канаѓанецот последниот натпревар го одиграна 26. март против Милвоки, натпревар на кој заработи повреда на задната ложа на десната нога, а и покрај тоа што предвидувањата беа дека станува збор за полесна повреда, се воспостави дека е поголем проблем.
„Се надевам дека ќе се врати во плеј-офот. Чудна повреда. Мислиме дека лесно ќе ја помине, но не е така. Не сме „внимателни“ со него, туку тој навистина е повреден. „Внимателни“ сте кога играчот може да игра, а вие сакате да бидете паметни. Тоа не е случајот. Шест тима се борат за четири места во плеј-офот. Немаме причина зошто да го одмараме“, изјави Малоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА