Никола Јокиќ со Србија беше на една педа од демолирање на американскиот „дрим тим“, кој се спаси во последните минути од полуфиналето на Игрите во Париз.
Така, наместо за злато, „орлите“ в сабота (11.30 часот) ќе играат за олимписка бронза.
Ривал ќе биде германскиот тим, во реприза на финалето на Мундобаскетот од минатата година. По дуелот помеѓу Србија и САД, а пред натпреварот против Германците, Денвер нагетс му испрати порака на Јокиќ.
Нагетс на социјалната мрежа „Х“ напишаа порака во која го поддржаа својот најдобар играч во борбата за бронза.
„Борете се. Во сабота се игра за бронза“, напишаа Нагетс покрај фотографијата на Никола во српски дрес.
Put up a fight 🫡
Playing for Bronze on Saturday pic.twitter.com/XNRKH96led
— Denver Nuggets (@nuggets) August 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА