Денвер со нова рокада: Хрватот си замина, литвански џин како „резерва“ за Јокиќ

Раководството на Денвер реши конечно да го послуша Никола Јокиќ и да повлече конкретни потези на пазарот со кои овој тим повторно би се вклучил во трката за титулата од наредната сезона.

Првиот потег беше повлечен откако Мајкл Портер беше испратен во Бруклин во размена за Кем Џонсон, а во тимот беше вратен и членот на шампионската постава на нагетси, Брус Браун. Уште еден доказ за сериозноста на Денвер пристигна попладнево, откако овој клуб успеа да го доведе Јонас Валанчиунас.

Станува збор за одличен центар со 13-годишно искуство во НБА-лигата кој пристигнува од Сакраменто, а од Денвер меѓу „кралевите“ во размена за Литванецот беше испратен Дарио Шариќ. Хрватот требаше да биде значајно засилување, но воопшто не се докажа во овој тим, по што експресно следеше разделба, и тоа за одличниот Валанчиунас во кого Денвер добива одлична резерва за Никола Јокиќ.

Се вчитува...