Денвер со први информации за тежината на повредата на Никола Јокиќ

Убедливиот пораз на Денвер против Мајами, 147-123, беше целосно засенет од сериозната повреда на Никола Јокиќ на тој натпревар.

Србинот го напушти натпреварот поради проблем со коленото на полувремето и не се врати на теренот до крајот на мечот. Тренерот на Нагетс, Дејвид Аделман, практично зборуваше само за Јокиќ по натпреварот.

„Тој веднаш знаеше дека нешто не е во ред. За жал, сè е дел од играта. Ќе дознаеме повеќе во вторник наутро кога ќе му биде направена магнетна резонанца. Најмногу ме загрижува  како личност како ќе го преброди разочарувањето што го носи секоја повреда. Сите наши мисли се со него. Се надеваме дека не е катастрофално сценарио. Сепак, дури и да се случи тоа, мора да најдеме начин да продолжиме понатаму и да бидеме подготвени да останеме подолго без Никола“, рече Аделман.

Се вчитува...