Денвер трет меч во низа без Јокиќ

Никола Јокиќ ќе пропушти трет натпревар по ред. По Голден Стејт Вориорс (победа) и Лос Анџелес Лејкерс (пораз), српскиот кошаркар нема да игра против Портланд Трејл Блејзерс во сабота наутро, соопштија од Денвер Нагетс.

Јокиќ паузира поради проблеми со десниот лакт и левиот зглоб. Ова ќе биде осми меч што ќе го пропушти сезонава, а за да биде во конкуренција за МВП наградата мора да пропушти најмногу 17.

Јокиќ е фаворит за наградата „Мајкл Џордан“, негова четврта во кариерата, со просек од 29,1 поен, 12,8 скока и 10,3 асистенции по натпревар.

Во тимот најверојатно ќе се вратат Арон Гордон и Кристијан Браун.

Се вчитува...