Денвер убедлив против Далас и покрај скромната партија на Јокиќ

Кошаркарите на Денвер убедливо го совладаа Далас со 130-104, и покрај тоа што Јокиќ имаше скромна паритја од само осум поени, девет скока и седум асистенции. На другата, страна, пак, залудна беше добрата партија на Лука Дончиќ кој уфрли 38 поени.

Денвер така стигна до 18 победа во сезоната, нанесувајќи му го десетиот пораз на Далас во регуларниот дел на НБА. Нагетси во текот на целиот меч имаа предност, која ја зголемуваа како одеше крајот на натпреварот. Во еден момент, Денвер имаше предност од 36 поени разлика.

Џамал Мари беше најефикасен кај Нагетс кој дојде до 22 поени.

Кошаркарите на Атланта го победија Детроит, и му го нанесоа 24-тиот пораз по ред. Треј Јанг ги предводеше „Хокс“ со 31 поен и 15 асистенции, додека кај Детроит залудна беше „симултанката“ на Канингем кој постигна 43 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Чикаго 104:108
Индијана – ЛА Kлиперс 127:151
Kливленд – Хјустон 135:130 (по продолженија)
Атланта – Детроит 130:124
Мајами – Минесота 108:112
Торонто – Шарлот 114:99
Оклахома – Мемфис 116:97
Денвер – Далас 130:104
Јута – Бруклин 125:108
Сакраменто – Вашингтон 143:131
ЛА Лејкерс – Њујорк 109:114

Се вчитува...