Кошаркарите на Денвер нагетс забележаа пораз во најинтересниот меч од синоќешната понуда во НБА лигата откако загубија на гостувањето кај Орландо меџик со 127-126.
Нагетс имаа напад за победа кој не го реализираше Џанал Мареј. Залуден беше новиот трипл-дабл на Јокиќ кој мечот го заврши со 31 поен, 21 скок и 12 асистенции. Кај победникот Ентони Блек постигна 38 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Сакраменто – Далас 113-107, Њу Орлеанс – Феникс 114-123, Атланта – Њујорк 125-128, Мајами – Индијана 142-116, Чикаго – Милвоки 103-112, Хјустон – Кливленд 117-100, Минесота – Бруклин 107-123 и Сан Антонио – Јута 114-127.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

