Деон Едвин е најкорисниот кошаркар за сезоната 2024/25

Американскиот кошаркар Деон Едвин го доби МВП признанието за најдобар кошаркар на финалната серија за сезоната 2024/25 во елитната македонска кошарка.

Еден од двата странски кошаркари на аеродромци одигра фантастична серија во која во предводеше својот клуб во два од четири натпревари. Единствено не успеа да постигне двоцифрен број на поени во првата средба (само девет), но беше лидер во вториот натпревар со 25 поени за индекс на корисност од 28, постигна 19 поени и девет скокови во средбата број три, а во денешниот четврти натпревар реализираше 15 поени.

Едвин е само шесттиот странски кошаркар кој ја добил МВП наградата во Првта кошаркарска лига по Доналд Кол, Сеад Шеховиќ, Шарлон Клоф, Расел Робинсон и Немања Милошевиќ.

Се вчитува...