Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Американецот Деонтеј Вајлдер, е уапсен во Холивуд, пренесуваат американските медиуми.
Според полициските извештаи, апсењето било поради нелегално поседување оружје и марихуана. Во рутинска контрола на полицијата бил запрен „ролс-ројсот“ на Вајлдер, затоа што имал нелегално затемнети стакла и регистарски таблички кои биле тешко видливи. Кога го спуштил прозорецот, полицајците јасно можеле да почувствуваат мирис на марихуана, па веднаш направиле претрес на возилото.
Пронашле одредена количина марихуана, но и девет милиметарски пиштол. Вајлдер соработувал во апсењето, а подоцна бил пуштен со 35.000 долари кауција. По апсењето Вајлде се огласи и на Твитер.
„Подобро да се чувствувам безбеден отколку да ми е криво“ – напиша Вајлдер.
I’d rather be safe than sorry. The End 🙏🏿
— Deontay Wilder (@BronzeBomber) May 2, 2023
Неодамна имаше најави дека Вајлдер повторно ќе се врати на рингот и ќе се бори со Мексиканецот Енди Руиз, како и за меч меѓу Вајлдер и Ентони Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА