Мемфис Депај летово беше поврзуван со заминување од Барселона, холандскиот ас на крајот остана на „Камп Ноу“ по пропаднатиот трансфер во Јувентус, но лесно може да се случи репрезентативецот на „лалињата“ по завршувањето на СП во Катар да се пресели во Премиер-лигата.
Њукасл е клубот што будно ја следи ситуацијата на Депај во Барселона, каде овој фудбалер е целосно во сенка на Роберт Левандовски и најчесто добива шанса во вторите полувремиња од натпреварите. „Црно-белите“ во текот на летото не успеаја да го доведат Депај, но проблемите што ги имаат со нападот и реализацијата на шансите придонесоа овој тим да подготви уште побогата понуда. Барса би заработила само околу 10 милиони евра, но самиот фудбалер би имал плата поголема од онаа што моментно ја заработува во Шпанија.
Њукасл создава шанси, но се мачи со нивното претворање во голови, ситуација што не се подобри премногу ниту со доаѓањето на Исак од Реал Сосиедад. Поради ова, Еди Хау инсистира на нов офанзивен играч во јануарскиот преоден рок, а клупските директори ќе сторат се за тоа да биде Депај. Овој трансфер би претставувал и камбек на Холанѓанецот во Премиер-лигата, каде не се прослави при првата авантура во Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

