Барселона и официјално го потврди ангажманот на Мемфис Депај кој на Камп Ноу пристигнува како слободен играч од Лион.
Договорот на Депај со Лион истече по крајот на сезоната, па Барселона реализира договор за двегодишна соработка.
„Барселона и Мемфис Депај постигнаа согласност фудбалерот да се пресели во клубот кога неговиот договор ќе истече со Лион на крајот од месецот. Фудбалерот ќе потпише договор до јуни 2023 година“ – се вели во соопштението на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА