Депај и пресуди на Севилја и го одведе Атлетико во полуфиналето на „Копа дел реј“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се последните патници во полуфиналето на шпанскиот „Копа дел реј“ откако вечерва во четвртфиналниот дуел против Севилја славеа на домашен терен со минимални 1-0.

„Јорганџиите“ уште во првото полувреме имаа убава шанса да стигнат до предност, но во 26. минута најдобриот фудбалер на домашниот тим Антоан Гризман не реализираше пенал, па на пауза се замина со почетните 0-0.

Antoine Griezmann penalty miss against Sevilla 26'
by insoccer

Клучниот момент во мечот се случи во 79. минута откако Мемфис Депај само 13 минути по неговото влегување во игра на асистенција на Анхел Кореја го постигна погодокот вреден полуфинале. Во финишот на мечот по еден старт на Љоренте беше досуден пенал за гостите, но по проверка на ВАР тој беше поништен.

Atletico Madrid [1] – 0 Sevilla – Memphis Depay 79'
by insoccer

Атлетико Мадрид во полуфиналето на националниот куп им се приклучи на Атлетик Билбао, Мајорка и Реал Сосиедад.

Се вчитува...