Депај ја спаси Холандија од срам против Шкотска (ВИДЕО)

Противникот на Македонија на Европското првенство, Холандија ремизираше со Шкотска 2-2 во првиот подготвителен натпревар пред шампионатот. Шкотланѓаните поведоа со голот на Хендри во 11. минута. Само шест минути подоцна Холанѓаните израмнија со голот на Мемфис Депај.

Ново водство за Шкотланѓаните донесе Најсбет во 64. минута, додека од пораз ги спаси „лалињата“  Депај со својот втор гол во 89. минута.

Романија која е наш противник во квалификациите за мундијалот во 2022 година загуби од Грузија со 1-2.

 

Се вчитува...