Играчот на Барселона, Мемфис Депај, зборуваше за натпреварот со Селта, кој заврши 3:3, после високото водство на „Каталонците“ на полувремето од 0:3. Холанѓанецот кажа дека е лут и фрустриран, и дека ќе мора да разговара со новиот тренер Чави.
„Тешко е да се објасни што се случува. Лут сум и фрустриран. Разочарани сме. Во првиот дел се боревме за резултат и игравме одлично, имавме 0:3. Малку ја сменија тактиката, не прискавме во вториот дел, и ја загубивме контрола на играта. Но, 45 минути не беа доволни. Ова е веќе фрустрирачко“, рече Депај.
На прашање што очекува од Чави, рече:
„Не го познавам, но има искуство во елитниот фудбал. Мора да разговараме многу со него“, изјави Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

