Мемфис Депај и официјално беше претставен како нов играч на Барселона. Холандскиот репрезентативец на „Камп Ноу“ пристигна како слободен играч откако по четири години заврши неговиот договор со Лион, а во каталонскиот состав ќе остане најмалку до 2023 година.
Депај кој професионалната кариера ја започна со ПСВ, а пред Лион играше и за Манчестер Јунајтед се потсети на деновите од детството и дресот на Барселона кој му го подарил неговиот дедо.
„Чест е да си дел од Барселона. Тоа е мојот сон од детство. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот, членовите на одборот и на мојот тим кои овозможија да бидам тука. Кога бев мал, дедо ми ми поклони дрес од Барселона бидејќи веруваше дека еден ден ќе заиграм за овој клуб. Сега тој сон се оствари“, изјави Депај.
👍 @Memphis 👍
Quines ganes de veure’t jugar al Camp Nou! 😍#MemphisCuler pic.twitter.com/rP6QezHSS2
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) July 22, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА