Депортираниот хулиган: Дојдов во Мадрид за Божиќ, не за да гледам фудбал

Макси Мацаро важи за еден од најозлогласените аргентински хулигани, кому веќе извесно време му е забрането присуство на стадионите во оваа јужноамериканска држава. Тој реши да си ја испроба среќата откако беше решено Супер-класико да се игра во Мадрид, но шпанските власти го фатија уште на аеродромот и го вратија назад во татковината.

„Дојдов овде за празниците, планирав да го минам Божиќ со семејството во Барселона. Не планирав да одам на „Бернабеу“, па јас веќе пет години немам стапнато на стадион. За жал, не ми дозволија да останам во Шпанија туку веднаш ме вратија назад“ – изјави Мацаро, голем фан на Бока јуниорс.

Лош изговор во пресрет на натпреварот на деценијата за неговиот омилен клуб, нема што…

Се вчитува...