Американската велосипедистка, Кели Кетлин извршила самоубиство во петокот. Веста за нејзината смрт ја објави Американската велосипедистичка федерација, а дека сама си го одзела животот потврди нејзиниот брат. Кетлин имала сериозни проблеми со менталното здравје и се обидела да се самоубие и пред два месеци.
Во последниот период не можела да ги усогласи преголемите обврски на Универзитетот и тренинзите. Немала време да тренира како претходно и тоа и направило големи проблеми, сведочи нејзиниот тренер.
Кетлин беше американска репрезентативка уште од 17 години. Таа беше тројна и актуелна светска шампионка во велосипедизам во сала со американскиот тим. Со националниот состав имаше и сребро од Олимписките игри во Рио во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА