Дерби за мерак, Шкендија и Вардар заслужија аплаузи, но освоија по еден бод (ФОТО)

Шкендија и Вардар ремизираа (2-2) во дерби натпреварот во Тетово, на отворањето на новата сезона во Првата фудбалска лига. Ова беше меч со многу пресврти, Шкендија остана и со играч помалку поради исклучувањето на Алими, а Горан Попов го спаси Вардар од пораз.

Вардар прв поведе во Тетово. Во петтата минута, Тигран Барсегјан упати силен удар од 20 метри и го изненади Захов. Само десет минути Шкендија имаше можност да израмни од пенал, но Бесарт Ибраими ја погоди само гредата од голот на Гачевски. До крајот на првиот дел, Шкендија напаѓаше, но без ефект кон голот на Вардар.

Во 54.минута, Бесарт Ибраими се поправи за промашниот пенал. Со одлично изведен слободен удар, успеа да го израмни резултатот.

Десет минути подоцна, Шкендија остана со играч помалку, откако судијата Александар Ставрев му покажа втор жолт картон на Арменд Алими. Но, и со десетмина Шкендија смогна сили да постигне втор гол. Тренерот Ќатип Османи во игра го уфрли Бесмир Бојку, а тој му возврати со победнички гол во дербито, што го постигна во 73.минута.

Но, ниту Вардар не се предаде. Горан Попов во 84.минута постигна одличен погодок со удар од 25 метри и донесе реми за Вардар во Тетово.

Се вчитува...