Дербито меѓу Бока и Ривер презакажано за утре

Големото дерби на аргентинскиот фудбал, дуелот меѓу Бока јуниорс и Ривер плата, наречен Супер класико, е презакажано за утре, со почеток во 20 часот, по средноевропско време. За првпат во историјата двата вечни ривали ќе играат во финалето на Копа Либертадорес, а првиот меч требаше да се одигра денеска, но беше одложен поради силен дожд. Теренот на „Ла Бомбоњера“ беше буквално потопен, па судиите оценија дека нема услови за фудбалски натпревар.

По ова, одлучено е првиот финален меч од Копа Либертадорес да се одигра утре.

Се вчитува...