Дербито за врвот меѓу Шкендија и Силекс во Тетово денеска од 14 часот е централниот натпревар во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По претходната гостинска победа над Вардар, тетовци посакуваат продолжување на серијата и дополнително зацврстување на лидерската позиција, и покрај фактот дека ги чека тежок дуел со второпласираниот Силекс.
„Подготвени сме вистинска борба за да го зачуваме врвот на табелата. Не чека тежок натпревар, но ако одиграме според упатствата од тренерот секако можеме до победата“ – вели играчот за врска на Шкендија, Ибрахим Алхасан.
Но, и во таборот на Силекс владее оптимизам и покрај ремито на домашен терен со Тиквеш пред една недела.
„Не чека голем предизвик против директниот ривал за врвот на табелата. Имаат доста квалитетни индивидуалци, но верувам во нашиот тим и верувам дека секој играч ќе даде се од себе за да дојдеме до добар резултат“ – вели офанзивецот на кратовци, Алиќ.
Од друга страна, од „сенка“ и Гостивар преку гостувањето на Беса чека позитивен резултат за освојување наврвот.
Во битката за опстанок, Воска Спорт, по претходната победа, сега гостува на Работнички, додека Тиквеш ќе брка нови победи во дуелот против Пелистер во Кавадарци.
ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ
Кавадарци: ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

