Барселона вечерва гостува на „Ванда Метрополитано“ и во дерби дуелот против Атлетико Мадрид ќе се обиде да го сочува врвот на табелата во Ла Лига, но и повторно да му побегне подалеку на Реал Мадрид. Тренерот Ернесто Валверде се соочува со проблеми поради неиграњето на двајца клучни играчи од средниот ред. Каталонскиот тим ќе остане без помошта од Фелипе Кутињо и од Иван Ракитиќ. Сепак, тренерот Валверде верува во позитивен резултат.
„Секогаш е ’жешко’ против Атлетико Мадрид и свесни сме што не очекува на овој дерби дуел. И подготвени сме за предизвикот, иако нема да бидеме комплетни. Но, и противникот си има свои проблеми“, истакна Ернесто Валверде.
Атлетико Мадрид ќе мора да излезе на мегдан на Барселона со десеткувана одбрана. Тренерот Диего Симеоне ќе ги нема на располагање Диего Годин, Хозе Хименез и Хуанфран. Во последен момент дозвола за настап добија и Коке, Диего Коста, Томас Лемар и Лукас Хернандез.
Барселона се наоѓа на врвот на табелата во Ла Лига со 24 бода, а Атлетико Мадрид е третопласиран, со само еден бод помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА