Нотингем Форест и Ливерпул го одиграа својот меч како третопласирана и првопласирана екипа на табелата, и мечот заврши без победник 1-1. Нотингем прв поведе, а Ливерпул успеа на крајот да израмни и да извлече бод, но не и да дојде до победата во финишот, и покрај тоа што имаше неколку добри шанси.
Уште во 8. минута Вуд успеа да го донесе домашниот тим во предност. Ливерпул загуби топка на средината, а потоа брз напад по кој Еланга го проигра Вуд кој од левата страна стрелаше прецизно во голот.
Се играше 66. минута кога Ливерпул успеа да израмни. Диого Жота само што влезе во игра, со глава успеа да го совлада Селс.
Токму голманот на Нотингем беше херој до крајот на мечот, откако успеа да одбрани неколку тешки удари, особено на Салах и така да го донесе својот тим до бод против лидерот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА