Националната пливачка федерација ги прогласи најуспешните пливачи за 2019 година.
Според бројот на победи од Летното и Зимското национално првенство најуспешни пливачи за 2019 година во машка конкуренција се Никола Ѓуретановиќ од ПК Вардар 2018 кај помладите пионери, Јован Јанковски од ПВК Орион кај постарите пионери, Андреј Стојановски од ПК Нептун во кадетска и младинска конкуренција како и Филип Деркоски од ПВК Орион во сениорска конкуренција.
Во женска конкуренција, кај помладите пионерки најдобра е Ива Китановиќ од ПВК Орион. Додека кај постарите пионерки, во кадетска, младинска и сениорска конкуренција едноставно најдобра е Миа Блажевска-Еминова од ПВК Орион.
За најуспешен во маратонско пливање е прогласен Евгениј Поп Ацев како победник во Светската серија на Ултрамаратони и Светскиот куп на ФИНА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА