Феникс 2010 ќе биде противникот на ТФТ Скопје во првиот четвртфинален натпревар од Купот кој стартува во петок од 12 часот.
Своите очекувања на прес-конференцијата во Куманово, каде се одржува годинашното издание на Купот, ги презентираше Денис Дервишевиќ, шефот на стручниот штаб на екипата на Феникс 2010.
„Голема чест е да бидеш дел од Ф4, ова е наша четврта година како учествуваме во Купот, наш најголем успех е пласман во финалето. Нашите амбиции се секогаш да играме финале, се игра ден за ден, а во мечевите може да се случи се. Играме со лидерот, се надевам дека ќе успееме да го изненадиме“ – рече Дервишевиќ.
Иван Волканоски беше краток во врска со своите очекувања.
„Не очекува тежок меч, свесни сме за квалитетот на ТФТ и знаеме дека во овие Куп-натпревари нема фаворити. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе успееме да победиме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

