Десет Кинези добија доживотна суспензија од снукерот

Снукерот го тресе најголемиот скандал во историјата откако Светската асоцијација за професионален билијард и снукер суспендираше десет кинески снукер играчи поради местени натпревари.

Меѓу нив најзвучно име е Лианг Венбо кој во 2016 и 2017 година беше на 11. место на светската листа. Тој воедно беше и шампион на Отвореното првенство на Англија откако во финалето славеше против Џуд Трамп, a покрај Венбо доживотна суспензија доби и Ли Ханг.

Се вчитува...