Десет медали за Македонија на Европскиот шампионат во традиционално карате

Македонската репрезентација во традиционално карате на Европскиот шампионат, што викендов од 14. до 16. септември се одржа во Белград, Србија, се врати со освоени вкупно 10 медали, од кои три златни, четири сребрени и три бронзени, во конкуренција од 286 натпреварувачи од 20 земји.

Дејан Недев стана европски првак во кати и во фукуго во сениорска конкуренција, а Мила Саздова е нова европска шампионка во кати кај јуниорките.

Останатите медали ги освоија:

Јадранка Недева – 2 место во ката – сениорки

Мила Саздова – 2 место во кумите јуниорки;

2. место во ката тим младинки (М.Саздова, Б.Милевска, Ј.Милевска);

2. место во ен-бу м/ж сениори (Бојан Богдановиќ/Берта Милевска)

Јадранка Недева – 3 место во кумите – сениорки

Ристо Сакалиев – 3 место во ката за ветерани

Ристо Сакалиев – 3 место во кумите за ветерани

Од останатите репрезентативци се истакна и Спасе Стојанов, кој беше блиску до освојување на медал во борби за сениори.

Се вчитува...