Хувентуд се наоѓа во резултатска криза во Ендеса-лигата, откако тимот на Ненад Димитријевиќ вечерва го загуби и четвртиот меч во низа на шпанската кошаркарска сцена. За „трагедијата“ да е уште поголема, Хувентуд вечерва загуби на домашен терен од тоталниот аутсајдер Гипузкоа со 90-94, тим што до ова коло беше „фенерџија“ на табелата со три победи и 15 порази во досегашните 18 рунди од шпанската лига.
Домашните кошаркари имаат за што да жалат бидејќи на две миунти до крајот имаа водство од 90-86, но катастрофално го завршија мечот, не постигнаа ниту еден, а примија осум поени и на крајот претрпеа пораз.
Димитријевиќ го заврши натпреварот со десет поени, сите во второто полувреме (5/5 за два, 0/2 за три поени), четири скока и четири асистенции, што сепак беше недоволно да се прекине серијата слаби игри во Ендеса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА