Кире Лазаров го одигра својот најефикасен овосезонски натпревар постигнувајќи десет гола за Нант во минималниот пораз од 32-31 на гостувањето против Лимож.
Овој натпревар беше суперинтересен, Нант не ја оправда фаворитската улога, а домашните ракометари го контролираа резултатот во самата завршница. Лазаров во 59. минута при резултат 31-30 не реализираше пенал за израмнување, но Нант успеа да се одбрани, па во следниот напад со нов пенал (овојпат го реализираше Балагер) стигна до израмнување. Лимож го имаше последниот напад и преку Браселур со самиот звук на сирената успеа да стигне до триумф, нанесувајќи му го на Нант првиот пораз во новата сезона.
Македонскиот интернационалец со десет погодоци беше најефикасен на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА