„Десетка“ на Костески – Е. Пелистер со убедлива победа ја заврши 2024 година

Ракометарите на Е. Пелистер триумфално ја завршија оваа календарска година, откако во последниот меч во декемвриската програма како гости го совладаа тимот на Пролет со 23-37. Битолчани одиграа квалитетен меч во кој целосно го контролираа резултатот, освојувајќи заслужени бодови со кои остануваат во трката за првото место во Супер-лигата пред почетокот на плејофот.

„Пелистерци“ одлично го отворија мечот, експресно поведувајќи со 2-7, потоа и со 5-13. Пролет успеа да се консолидира и со серија од пет гола да намали на 10-13, но тоа беше се што домашниот тим успеа да стори на овој натпревар. На одмор се замина со водство на Пелистер од 13-17, по што битолчани целосно ја презедоа контролата во вториот дел. Првото двоцифрено водство го имаа при 18-28, за на крајот да слават со конечните 23-37.

Ненад Костески одигра одличен натпревар со десет гола потсетувајќи на формата од пред повредата, по шест гола за Пелистер постигнаа Кузманоски и Павле Атанасијевиќ, додека прв стрелец на Пролет беше Андоновски со пет погодоци.

Се вчитува...