Аталанта со пресврт во второто полувреме стигна до цел плен на гостувањето против Парма (1-2), стигнувајќи до три бода со кои тимот од Бергамо најмалку до вечерва ќе се најде на второто место на калчолигашката табела.
Парма доминираше во првото полувреме, во кое домаќините најпрвин го погодија дирекот преку Кулушевски, а пред крајот на полувремето преку шведскиот суперталент стигнаа до водство. Плејмејкерот со македонски корени одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник по едно додавање на Жервињо, па со прецизен удар со левата нога го матираше гостинскиот голман за својот десетти овосезонски погодок во Калчо-лигата. Кулушевски стана прв странец во „Серија А“ по пауза од седум години кој стигнал до двоцифрен број погодоци пред да наполни 21 година, откако тоа во 2013 им успеа на Мауро Икарди и на Ерик Ламела.
Гостите заиграа многу подобро во второто полувреме, ја презедоа контролата над средината од теренот и направија целосен пресврт. Малиновски израмни на 1-1 од слободен удар наоѓајќи дупка во живиот ѕид на домаќините, а пресвртот го комплетираше Папу Гомез со прекрасен погодок од дваесетина метри. Парма имаше стопроцентна шанса за израмнување по извонредниот соло-продор на Кулушевски по десната страна, но ударот на Дермаку заврши во еден од гостинските дефанзивци пред самата гол-линија.
Аталанта со овој триумф се искачи на второто место со 78 бода, два повеќе од Интер кој вечерва го игра својот меч од 37. коло, на домашен терен против Наполи.
One of the greatest talents in European football, Dejan Kulusevski (On loan from Juventus) scores again making it 1-0 to Parma vs. Atalanta. #ParmaAtalanta #Parma #Juventus pic.twitter.com/DEslgVEVJg
— Johan Larsson (@JLrssn) July 28, 2020
Is it a hole in the wall? Malinovsky making it 1-1 for Atalanta vs. Parma. #ParmaAtalanta #GoAtalantaGo pic.twitter.com/VvolWu4f28
— Johan Larsson (@JLrssn) July 28, 2020
⚽️ Alejandro Gómez
Gol do Atalanta #Parma 1×2 #Atalanta #PARATA pic.twitter.com/ukre18Vy8Q— Goal (@ogoalfc) July 28, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

