„Десетка“ за Димитриевски во новата победа на Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валекано ја запишаа деветтата победа во Ла Лига откако славеа на домашен терен со 2-0 против Алмерија.

До победа Рајо го предводеа Ели со автогол во 54. минута и Гарсеија која ја затресе мрежата во 63. минута, но за тритте бода значаен беше и македонскиот чувар на мрежата кој одигра уште еден натпревар за „десетка“, бележејќи пет одбрани на противничките фудбалери.

 

Оваа победа го донесе Рајо на само три бода зад четвртото место на табелата кое води во Лигата на Шампиони следната сезона.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...